ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Размислувавме на сите аспекти при димензионирање на мерките – периодот на празници не е предизвик само за нас, туку и за целиот свет

December 14, 2020 21:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, истакна дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се усвоија нови препораки коишто ќе бидат предложени до Владата и на утрешната владина седница ќе бидат дискутирани.
Филипче потенцираше дека претстојниот период на празници не е предизвик само за нас, туку и за целиот свет и дека при димензионирање на мерките се земени во предвид сите аспекти.
„Размислувавме апсолутно на сите аспекти. Морам да кажам дека ние и сега имаме на сила одредени превентивни мерки коишто очигледно дадоа резултат. Денешните анализи покажуваат дека Р0 факторот е веќе под 1, односно 0.95. Но се уште ситуацијата е критична, сметаме  дека овие мерки можеби нема да бидат доволни во периодот којшто е пред нас, заради тоа што доаѓаат празници за кои, согласно навиките на луѓето може да има собири и во таа смисла можеби и поголема концентрација на луѓе во угостителските објекти. Сметаме дека тоа е сериозен ризик и затоа го ограничуваме нивното работење до 18:00 часот. “ – изјави Филипче.
Во однос на тоа како би се забраниле домашни собири, Филипче потсети дека кога се носеа измените на Законот за заштита на населението од заразни болести беше укажано дека интегритетот на домот е загарантиран и тоа е противуставно. Поради тоа усвоени се препораки да нема домашни собири, да нема собири во викенд населбите, а такви сценарија е случуваа кога имаше долги карантини.
„Препорачуваме да нема ниту организирани прослави во општините, на плоштадите, во работните организации, нешто што знаеме дека вообичаено се случува. Апелираме да нема прослави и собири согласно мерките кои се на сила за забрана за групирање, на пример како иницијатива на верските заедници, имаме и верски празници пред нас. Еден сериозен дел од тоа каков ефект ќе имаат овие мерки, секако зависи од одговорноста на граѓаните. И тоа е така насекаде на светот“, рече министерот Филипче и укажа дека иако досегашните мерки даваат резултат, ситуацијата е далеку од тоа дека треба да се опуштиме и апелираше граѓаните доследно да се придржуваат до сите мерки за заштита и превенција од понатамошно ширење на коронавирусот.
Next Post

Макрадули: Испрати честитка преку Пошта - да ја обновиме традицијата

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk