Јасно е дека сè уште актуелниот претседател, нема капацитет да ја води партијата. Време е за оставки и одговорност, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
„Политиките на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ денеска слави во Штип, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек не им дозволи да се борат за вмровскиот бастион.
Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип.Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема, се вели во соопштението.