ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Кодекс за однесување на функционерите и меѓуинституционална комуникација за предмети од корупција и криминал

December 14, 2020 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусирани сме на системски подобрувања за превенирања и одвраќања од корупција и криминал за да имаме правично општество во кое редот, правдата, поредокот и напредокот ќе важат за сите подеднакво. Имаме обврска да бидеме отворени, отчетни и транспарентни пред граѓаните. Нашата борба ќе биде долга, трчаме маратон, не спринт, зашто долго биле занемарени  етичките вредности. Не е лесно да се демонтира систем во кој постоел само еден адвокат, еден обивинител и еден судија, рече вицепремиерот за борба со корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на отчетот на Владата за првите сто дена од мандатот.

Соопшти за преземените чекори во  изминатите сто дена – донесениот нов кодекс на однесување на членовите на Владата и на сите функционери назначени од Владата од најниско ниво. Видовме разрешувања, рече Николовски, а ќе бидат разрешени сите што ќе ги прекршат одредбите и нема да се толерира и замижува, како што рече, за функционери за кои има причина за одговорност, кои се богатат на државна сметка и на сметка на граѓаните.

Во изминатите сто дена задолжени се сите инситуции, општини и Град Скопје на веб-страниците да ги објават сите документи и информации од јавен карактер и за да добијат финасниска поддршка од буџетот на Владата и од меѓународни програми ќе треба да се отчетни и транспарентни зашто, рече Николовски, чесните и заслужните ќе бидат наградени.

Воспоставена е редовна координација и меѓуинституционална комуникација меѓу министерствата за правда и за внатрешни работи, со Финансиска полиција, ОТА, Агенција за управување со одземен имот, ДКСК и други инстуитуции надлежни за борба со корупвција и криминал. Почната е соработка со Обвинителството и се  детектирани слабостите кои се провелувале со години наназад и влијаеле за  бавност на правдата – од неефикасна дгитигализација до немање меѓуинституционална размена на документи и информации и недостиг на база на  податоци и централизирани систем каде процесот на истрагите би се следел во реално време – кој предмет во која фаза е.

Со поддршка на УСАИД, соопшти Николовски, почнува проект за подобрување на платформата за интероперабилност, важен за сите граѓани, со кој ќе се подобри поврзаноста на институциите и ќе придонесе за силно забрзување на процесот на постапување и решавање на предметите, без човечки фактор.

-Ова беше голема болка  на граѓаните и беше причина за нивна недоверба во институциите. Увидовме дека контролата е клучна, особено во вонредни услови какви што имаме оваа година. За зголемување на ефикасноста на контролниот механизам воспоставивме редовна координација со Инспекциоскиот совет, а се донесоа и брзи законски измени со кои се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби. Новите измени ја оправдаа целта – значително се намалува бројот на прекриштелите на законите и на мерките. Нема повеќе правни субјекти на кои им е гајле за пропишаните уредби, одредби, закони, рече Николовски.

Во изминатите три месеци исполнети се значен дел од препораките на Антикорупциското тело на Советот на Европа – ГРЕКО, формирана е работна група од Владата за ревидирање на доскрециските овластувања на функционерите што е, рече Николовски, исклучително важен чекор во мисијата што ќе донесе голем пакет на измени со кои ќе се укинат секаде каде што се непотребни дискрециските права. Се работи на подзаконските акти со кои ќе се ограничат трошоците за репрезентација и ќе се воведат еднакви правила за употреба на службени картички од страна на функционерите.

– Има многу што да се работи во мандатот што го почнавме. Институциите треба да покажат ред, работа и дисципилина, нагласи вицепремиерот, посочувајќи дека работи со многу мал тим во кабинетот, но дека тие се посветени млади луѓе кои сакаат да ги променат работите за подобра иднина во општеството. 

Next Post

Заев бара помош и поддршка од медиумите и очекува похрабри чекори од ЗНМ во борбата против лажните вести

НАЈНОВО

Скриншот

Кац: Посетите на Црвениот крст на палестински затвореници ја загрозуваат националната безбедност

October 29, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk