ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од отчетноста на општините ќе зависи и предноста за поддршка од државниот буџет

December 14, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку не сакаат да бидат на опашката на исплата на парите, општините ќе мора да ги објават информациите од јавен карактер и да ја зголемат својата транспарентност, а со тоа да добијат и првенство во исплатата на пари и на проекти од програмите за капитални инвестиции на сите министерства, од државниот буџет и од меѓународни програми, им порача премиерот Зоран Заев на локалните самоуправи.

– Тоа се околу 230 милиони евра само по програмите и плус од капиталните инвестиции каде што се пренесуваат на општините сигурно 30-40 милиони евра дополмнително. Ако сакаат да ги добијат тие пари, да биде тоа навремено и брзо, ќе мора да ја зголемат отчетноста, Ние не може да им наредиме, но дадовме јасна порака до општините, комуналните претпријатија и локалната самоуправа да ги почитуваат овие критериуми согласно ГРЕКО и нашите обврски како држава, рече премиерот Заев.

Согласно со измените на Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, се зголемува опфатот на институциите на кои се однесува отчетноста, а целта е потранспарентни да станат и јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Вицепремиерот за борба со корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски соопшти дека е изготвена Информација која помина на последната седница на Владата, со заклучоци и обврски во рокови од 30 дена, сите институции на веб-страниците јавно и достапно до граѓаните да објават 22 типа на информации – од структура на вработени, управување, ревизорски извештаи, систематизација…

-По поминување на овие 30 дена, ќе правиме постојан пресек и пристисок сите институции да ги почитуваат овие одлуки и заклучоци на Владата, кои се и законски, да ги објавуваат информациите. Колку е поголема отвореноста и транспарентноста, тоа е половина од борбата со корупцијата која е темел на програмата на оваа Влада во следните четири години, рече Николовски.

За општините Владата не дава обврзувачки насоки, посочи Николовски, но од нивната отчетност и по мерит-систем ќе зависи и поддршката од извршната власт.

-Владата создаде на некој начин обврзувачки механизам. Кога веќе навистина даваме огромна поддршка преку разни програми, особено во капиталните инвестиции и проекти од локално значење – за изградба на водовод и канализации, пречистетелни станици, депонии, гасификација…, навистина сакаме да бараме отчетност, отвореност и зголемување на нивото на транспарентност на општините. Верувам дека во мандатот што следува, со овој нов мерит-систем ќе се следи каде и во кои општини ќе ги решаваме проблемите на граѓаните, но ќе бараме од самите општини голема отчетност, отвореност и транспарентност, додаде Николовски. /МИА/

Next Post

Законот за попис е европски, направен во координација со Еуростат и гарантира успешност, вели Заев

НАЈНОВО

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk