Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека во неколку претреси во Сарај, приведени се разбојници што краделе од банкомати.
На 13.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка
полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево
и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето
на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што
се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела.
Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение
за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево,
како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали. Лицата со
соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна
постапка, соопштуваат од МВР.