Тимот на Самоглас, со огромно задоволство ја споделува една од најважните вести за
нив, годинава. Од пред некој ден, мобилната апликација на Самоглас е веќе пуштена
во употреба. Корисници на Андроид можат да ја најдат на следниов линк:
https://cutt.ly/phONkf0, корисници на Епл на: https://cutt.ly/LhONlXR.
Медицинска сестра од Њујорк е првата личност во САД што ја прими вакцината против коронавирусот на компанијата Фајзер.Нејзиното име е Сандра Линдзи и работи во Еврејскиот медицински центар на Лонг Ајленд. Од март таа работи на првата линија на фронтот со тешко болни пациенти со Ковид-19, јавија локалните медиуми.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот.Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.
Светската здравствена организација денеска соопшти дека е запознаена со новата варијанта на коронавирусот, која се појави во Велика Британија, но дека нема докази дека овој вид се однесува поинаку од постојните видови на вирусот.
Ердоган: Од 31 декември петдневен целосен „локдаун“ во Турција
Го подготвивме системот за нешто за што никогаш не бил подготвен, ниту било кој систем во светот бил подготвен да пречека ваква криза.Апсолутно. Резултатите за брзата реорганизација на здравствениот систем, одговорот којшто го дадоа здравствените работници Го подготвивме системот за нешто за што никогаш не бил подготвен, ниту било кој систем во светот бил подготвен да пречека ваква криза. Очигледно дека лидерот на опозицијата, верувам дека има долга листа, не знам дали него некој му подготвува листа за интерпелација, но ќе видиме, рече Филипче
Видовме и бевме сведоци на силна антиваксерската кампања минатата година за време на епидемијата со морбили. И тогаш имавме сериозен проблем. Но сега, повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина.“, посочи Филипче.