ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на лидерска средба ако нејзин иницијатор е престедателот Стево Пендаровски, соопшти денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска на која би се разговарало, како што рече, за актуелната политичка, здраствена, образовна и економска ситуација. Тој не прецизира со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, ниту која ќе биде нејзината позиција ако евентуално се седне на иста маса со претставниците на владејачките партии.
–На еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на такава средба зашто не ја гледам улогата на Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.
Прашан со какви барања ВМРО-ДПМНЕ би настапила на лидерската средба, Мицкоски одговори дека прво треба да се случи лидерската средба, да се види кој ќе биде дневниот ред и врз основа на тоа да излезат со своја позиција.
-Да го дополниме тој дневен ред, ако видиме дека тоа што е опфатено за таа лидерска средба ги содржи барањата или не. Доколку не ги содржи, ќе предложиме дополнување на тој дневен ред. Доколку и тоа дополнување се игнорира, нема да бидеме дел од лидерската. Не планираме да бидеме кловнови и да изигруваме циркуска атракција таму, изјави Мицкоски.
J. Ѓ.