Од МВР соопштуваат дека е приведен криминалец од Тетовско, баран со меѓународна потерница за издржување шест години затворска казна..
На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за
меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на
Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф.
(47) од с.Требош.
Тој се барал со меѓународна потерница од Основен суд
Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ. Лицето е спроведено во
казнено поправна установа.





