Ми претставува огромна чест што заедно со мојот пријател Алексис Ципрас денеска ја примивме Хесенската награда за мир, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
– Хесенската награда за мир за 2020 година ја добивме за нашиот напор во решавање на деценискиот проблем за отворање на патот на Северна Македонија кон евроатлантските интеграции“, напиша Заев.







