ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев најави лидерска средба до крајот на годината, Мицкоски не сака да ја организира Пендаровски

December 15, 2020 08:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава, истакнувајќи дека очекува неа да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш тој ќе ја иницира. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба ако неа ја организира Пендаровски. Од Кабинетот на шефот на државата, пак, соопштија дека претседателот Пендаровски не планира да свика лидерска средба.

И Заев и Мицкоски се согласни дека на средбата треба да стане збор за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се од интерес на граѓаните.

 

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече Заев.

Од друга страна, Мицкоски на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска средба, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на неа ако ја организира претседателот Пендаровски.

 

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичкиите партии, ние политичките партии да разаговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на таква средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.

Од Кабинетот на претседателот на Републиката, за МИА соопштија дека шефот на државата Пендаровски не планира да свика лидерска средба.

 

– И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите, истакна од Кабинетот на Пендаровски.

Next Post

Електорите официјално потврдија – Бајден победи, Трамп изгуби на изминатите претседателски избори 

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk