ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема да има новогодишни прослави во клубовите Адмирал, Астра, Апекс и Казино Фламинго Хотел

December 16, 2020 18:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС  во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот.

– Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со Ковид-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза, стои во соопштението од АПИС, во врска со денешните информации дека наводно во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави.

Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра.

– За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. Минатиот месец во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, нашите вработени, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, учествуваа во голема хуманитарна акција за донирање крвни единици која се спроведе во нашите работни простории, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС. /МИА/

Next Post

Во Италија вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу Божиќ и Нова година

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk