ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележување на Ханука – споделуваме светлина во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот

December 17, 2020 19:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, заедно со учениците од ПОУ„Иднина“и ПОУ „Златен Сремац“ од Скопје, коишто се дел од проектот „1000 Менори“, ги запалија осумте свеќи на менорите, во спомен на 7144 македонски Евреи, жртви на Холокаустот.

-Сакаме да ја потврдиме нашата цврста верба дека животот на секој човек е бесценет и дека етничката и верска различност го прави животот на македонското општество побогат, порача претседателот Пендаровски честитајќи го празникот Ханука. 

 

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ја запали и последната свеќа на ханукијата, специјално изработен свеќник од бронза од страна на Мети Грунберг, светски познат уметник од Израел роден во Скопје за време на војната.

Учениците и претседателот Пендаровски, преку заедничка онлајн платформа се вклучија и во глобалното одбележување на Ханука, каде во спомен на жртвите од Холокаустот запали свеќа и генералниот директор на Еврејската заедница, Исак Херцог.

-Една од важните поуки од Ханука е дека надежта победува сè. Така е и со надежта во тешките времиња. Кога мислиме дека немаме доволно, ќе бидеме изненадени од солидарната помош. Затоа, во тешки економски услови предизвикани од пандемијата на КОВИД-19, ние сме благодарни за поддршката којашто Државата Израел ја дава на три училишта. Ова е влог во нашите напори да создадеме праведно и инклузивно општество во коешто ќе има место за секого, додаде претседателот Пендаровски во својата порака.

 

На одбележувањето на овој празник на светлината денеска присуствуваа и почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски, претставници на здружението „Акта Нон Верба“, а преку видео врска се вклучи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Целта на проектот „1000 Менори“ е да даде поддршка на училиштата за деца со попреченост и одбележување на празникот Ханука преку сеќавање на Евреите од нашата земја, кои што беа депортирани во логорот Треблинка.

Во проектот, којшто е поддржан од Министерството за надворешни работи на Израел и нивната организација за меѓународна соработка МАШАВ, учествуваат три училишта од земјава коишто го негуваат образованието на децата со попреченост.

Минатиот четврток, на првиот ден на празникот Ханука, претседателот Пендаровски ги прими учениците од ПОУ „Маца Овчарова“од Велес, со коишто исто така заеднички ги запалија свеќите на менората. Во спомен на македонските Евреи, жртви на Холокаустот беа запалени 1000 менори во повеќе градови во земјава. /МИА/

Next Post

Вакцината на Универзитетот Оксфорд е најефикасна кога се даваат двете дози

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk