ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Холштајн – „погрешното толкување на историјата“ еднакво ќе важи за С.Македонија, Бугарија и Грција, нема обединета Европа ако има дупка Западен Балкан, Макрон позитивен на Ковид-19

December 17, 2020 12:10
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Формулацијата за „погрешното толкување на историјата“ еднакво ќе важи за С.Македонија, Бугарија и Грција, истакнува германската амбасадорка во Северна Македонија, Холштајн.

Од утре почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници.

Реформите кои се подготвуваат во основното образование не значат укинување на ниту една научна дисциплина. Напротив, со нив се подобрува концептот на кој учениците ќе ги изучуваат сите предмети, соопшти Министерство за образование и наука.

Советот за реформа на јавната администрација, со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница. Премиерот Заев, како што денеска соопшти владината прес-служба, истакнал дека реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација.

„ЕУ Обсервер“: Нема обединета Европа додека на нејзината мапа ја има дупката Западен Балкан. ЕУ мора да го смени начинот на кој се однесува кон Западниот Балкан, бидејќи земјите од регионот не може да бидат аутсајдери кога споделуваат иста историја, култура и географија со Еропа и буквално се опкружени со држави членки на Унијата.

Aктерката и колумнистка Владанка Димковска, го споделува рецептот за убав ден: – Мојот рецепт за убав ден е насмевката и добриот збор. Кон себе си во огледало или кон некој друг. Само нежно према сите.

„Стар“ со перформанс за поддршка на правата на сексуалните работници. Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам.

Европскиот парламент со мнозинство гласови го усвои седумгодишниот буџет, односно Повеќегодишната финансиска рамка за периодот од 2021 до 2027 година во износ од 1.074 милијарди евра.

Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус. Макрон „сè уште е одговорен“ за водење на земјата и ќе работи од далечина, рече официјален владин претставник.

Градските власти во Париз се казнети за ангажирање премногу жени на високи позиции, одлука што во вторникот ја исмејуваше како апсурдна градоначалничката Ан Идалго, објави „Гардијан“.

Доналд Трамп не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен. Трамп им порача на неколкумина свои советници дека на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, тој ќе одбие да ја напушти Белата куќа самоволно и ќе мора да биде принуден со сила да замине по скалите.

Израел следната недела ќе почне кампања за масовно вакцинирање на граѓани против Ковид-19, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху лично контактираше со директорот на компанијата „Фајзер“.

Обилниот снег во централниот дел на Јапонија и долж северниот брег предизвика прекин во снабдувањето со електричната енергија и околу 10.000 домаќинства се без струја.

За време на пандемијата, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, повеќе од 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1.9 трилиони долари, објави денеска Форбс.

Ј. Ѓ.

Next Post

Министерката Царовска во работна посета на Албанија

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk