Руски научници советуваат како да ја направите омилената руска салата на здрав и понискокалоричен начин.
Тие сметаат дека доколку од оргиналниот рецепт исфрлите три клучни состојки – мајонез, шунка и кисели краставички и и наместо нив да додадете здрава замена можете да избегнете внес на многу калории. Мајонезот е вистинска калориска бомба, предупредуваат научниците.
Они советуваат сами да направиме домашен сос (маслиново масло, сенф, лимонов сок и жолчки од јајца), кој многу ќе потсетува на купечкиот мајонез на кои сме навикнати.
Исто така, шунката, која содржи трансмасти, треба да се заменат со сварено пилешко или мисиркино месо.
Советуваат и киселите краставички сосема да се исфрлат од рецептот бидејќи содржат голема количина на сол и конзерванси и токму тоа може да предизвика оток и зголемен апетит.