Државниот пазарен инспекторат информира дека денешната изјава на
директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, која се
пренесе во дел од медиумите е извадена од контекст. Имено би сакале да појасниме дека начинот на кој е пренесена истата, создава впечаток како
Државниот пазарен инспекторат да ја доведува во прашање професионалноста и стручноста на припадниците на Министерство за внатрешни работи. Жалиме што ваквиот начин на пренесување на информациите нанесе штета на угледот на Министерството за внатрешни работи со кое Државниот пазарен инспекторат имаше, има и понатаму ќе има соработка на највисоко ниво во
извршувањето на работите и задачите од надлежност на двете институции, а посебно во овој период на битката со пандемијата Ковид 19. Битката против вирусот е заедничка, и затоа сите институции што сме вкучени и во следниот период ќе постапуваме координирано во извршувањето на задачите.