ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовановиќ: И покрај неговата хуманост, градоначалникот Митко Јанчев секојдневно добива закани

December 19, 2020 12:39
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев – преку семејната Фондација Никола Јанчев – денес донираше кислородна станица за општата и регионална болница во Кавадарци во вредност од милион денари. Идејата на оваа донација не е времена, туку ќе биде од траен карактер и ќе биде наменета за сите заболени кои имаат потреба од кислород, објави на својот Фејсбук профил, Ненад Јовановиќ.

Од друга страна, мора и тоа да се каже, покрај хуманиот аспект и општествена одговорност на семејството Јанчеви за заедницата, за Кавадарци, Митко Јанчев заради својата градоначалничка позиција трпи неверојатни закани на локално и на национално ниво.

Имено, заканите кои ги добива Јанчев пред се’ се иманентно политички, а бидејќи политичкото секогаш е и лично, на закани е подложно и неговото семејство и членови на неговата потесна и поширока фамилија.

Заканите зачестија откако Митко Јанчев најави трка за втора кандидатура во Општина Кавадарци. Заканите кои ги добива, а јас знам само дел од нив, не се неверојатни, надреални и бизарни, туку се монструозни. Насилството во реторичките и текстуалните пораки е брутално, се повикува на смрт, убиства за него и неговото семејство. Таква патологија е незапаметена. Сум видел разни гадости, ама такви монструозни закани до сега не сум видел. Јас не знам дали се тоа луѓе или монструми. И ова го мислам баш буквално.

Митко Јанчев заслужува да добие доверба од Кавадарчани. Втора по ред. Заслужува да добие втор мандат затоа што Кавдарци го промени, ликот на градот го разубави и модернизира. Јас знам дека денес е тешко да си “пророк во својот роден град”, а знам затоа што нашите градови се преполни со расистички и малограѓански закани. Знам и тоа што значи да успееш, да се исправиш “над просекот”, а знам и тоа како тој просек сака да те спушти долу и уништи.

Митко Јанчев е одличен градоначалник, емпатичен и сочувствителен. Помага на сите, и една многу важна и политичка компонента: Јанчев го помири и пацифизира Кавадарци. А тоа во полииката е најважното. Кавадарци е град на сите. И верувам дека со Митко Јанчев Кавадарци таков град ќе остане – заедница од сите за сите.

Next Post

Продолжува директната комуникација со засегнатите страни и локалните заедници до усогласување по предлог Закон за Шар Планина

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk