ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“

December 19, 2020 17:46
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“, кај новиот Аква парк. Инвестицијата е 10 милиони евра на фирмата „Дик Фагус“ од Штип, а има потенцијал да отвори нови 250 работни места.

Сопственикот на фирмата „ДИК Фагус“, Горан Јордев истакна дека оваа фирма е во сопственост на „Пеком инжињеринг“, која 30 години успешно работи во Штип.

-„Штип Сити Мол“ како проект го посветуваме на Штип, на регионот, на младите, на развојот и на убавата иднина. Проект, што ќе биде готов 2022 година и подразбира изградба на модерен бизнис центар со познати брендови на едно место и специфичен хотелскиот објект, којшто ќе биде огледало на квалитетот и дизајнот на нашите производи. „Штип Сити Мол“ ќе претставува двигател на економскиот развој во нашиот град и пошироко во регионот, вели Јордев.

Истакна дека сакаат на граѓаните на истокот и југоистокот да ги донесат поблиску големите брендови и на едно место да понудат содржини карактеристични на модерното и урбано живеење.

– „Дик Фагус“ изминатите 15 години растеше и нескромно ќе кажам дека сме лидери во дрвната индустрија и една од првите дизајн ориентирани компании, која својот производ надвор од Македонија го продаваат под своја име и како македонски производ, вели Јордев.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешниот свечен старт на инвестицијата „Штип Сити мол“ истакна дека и во време на коронакриза Владата носи клучни одлуки со цел да помогне на бизнис секторот, но и да продолжат со инвестициите.

-Токму заради тоа и фирмите се стабилни и оние најхрабрите веќе почнуваат да инвестираат и отвараат нови капацитети за своите фирми, но и за сите граѓани. Убеден сум дека овој објект е една нова пресвртница на градот, што ќе даде шанса за нови работни места, преку нови 250 работни места, којшто ќе даде и шанса да помогне на целата економија во градот, вели Бочварски.

На  почеток на изградбата на единствениот ваков мол на истокот присуствуваа и вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, потоа идниот градоначалник, Сашко Николов и бизнис партнери и пријатели на „Дик Фагус“ –Штип.

Next Post

Пoпладневен преглед: Заев вели не е веќе јасно во што e проблемот со Бугарија, Захариева загрижена поради „грдите манипулации што ги започнаа политичарите во Скопје“...

НАЈНОВО

Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

October 29, 2025

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk