Очекуваме во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува: Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик. Никако поинаку, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, а истото го изјави денеска во Прилеп.
„
„Тоа е европска вредност. Како што ние ги штитиме сите европски идентитети, сите европски јазици, ги негуваме, ги употребуваме, ги учиме во нашите училишта, така очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е наше право“, рече Заев.
 
			

 




 
 
