ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Захариева: С.Македонија е таа што не го почитува правото на самоопределување на своите граѓани со бугарска самосвест

December 19, 2020 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“.

-Секогаш може да се бара повеќе од еден договор. Проблемот е во тоа што довербата е веќе на многу ниско ниво, вели Захариева.
Тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.
– Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на РС Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите, истакнува Захариева.
Според неа, „пропагандата во РС Македонија има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добрососедство“.
– Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите, смета Захариева.
Сепак, признава дека позицијата не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја обајснат. Но, додава Захариева, тоа не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

– За да се решат проблемите со РС Македонија, треба да се намалат емоциите. Со емоции и разговори преку медиумите тоа нема да се случи. Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја вршат својата работа без политички притисок, заклучува шефицата на бугарската дипломатија.

Интервјуто за „Дарик“, таа го дообјаснува и на својот Фејсбук портал. Повторува дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ, но кога ќе бидат подготвени за тоа.
– Очекувањата во Република Северна Македонија дека некој ќе изврши притисок врз нас и ќе го заборавиме спроведувањето на Договорот за добрососедство и одлуката на нашиот парламент не се реални. Им кажавме: Не сметајте на тоа, ние не работиме така во ЕУ, пишува Захариева.
Наведува дека е загрижена поради „грдите манипулации што ги започнаа политичарите во Скопје дека го оспоруваме нивното право на самоопределување“.
– Напротив, во Република Северна Македонија тие не го почитуваат правото на самоопределување на своите граѓани со бугарска самосвест, пишува Екатерина Захариева на Фејсбук.3
Next Post

Одвоени 4,5 милиони денари за проект за новиот театар и 6,5 милиони за водоводот до Трескавец

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk