ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Бугарскиот претседател порача дека патот на Скопје до ЕУ води преку Софија, Каракачанов нема да прави компромиси со антибугарска политика…

December 20, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Каракачанов: Не правам компромис со антибугарска политика, не ме интересираат поинаквите ставови на дел од европските партнери. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“ – рече Каракачанов.

Заев: Обезбедени 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. Ова е показател на самосвеста на локалното население за неговата самобитност и посебност, и за неговите напори за втемелување на основните човекови определби, рекол Заев, соопштија денеска од владината прес-служба.

Заев: Во Љубојно го запознав дедо Митре кој завршил осмолетка во разурнатото „Димитар Влахов“. Тоа било второ по ред училиште со настава на македонски јазик во земјава. Дедо Митре низ годините се иселил во Америка, а сега живее повторно дома, во своето Љубојно, напиша премиерот Зоран Заев на профилите на социјалните мрежи.

За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата. Треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, како што ме охрабрија неколку земји од ЕУ. Ние друга алтернатива немаме, сакаме да вградиме европски вредности дома и да си ја европеизираме државата. Тоа е нашата иднина и верувам дека за тоа ќе помогнат сите соседи, ќе помогне соседна Бугарија, истакна Заев.

Радев: Патот на Скопје до ЕУ води преку Софија. Имав критики за овој договор. Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави шефот на државата.

Џамбаски: Поради Скопје се води информациска војна против Бугарија. Сите се сеќавате дека една од најголемите фабрики за лажни вести, која е поврзана со фабриката во Санкт Петербург, се наоѓа во прекрасниот бугарски град Велес. Во моментов започнува таков напад против Бугарија – апсолутно лажни, неверни тези се широко распространети во сите видови социјални мрежи“, коментира европратеникот.

Се намалува бројот на пациенти во болниците, за подобри резултати да се почитуваат новите мерки. Во изминатото деноноќие беа регстрирани нови 815 случаи на КОВИД-19 од направени 2.664 тестирања. Починале 20 лица, а оздравеле 396 пациенти.

По 18 часот празни кафеани, полни шеталишта и молови. На интернет се споделува и видео на кое може да се забележи дека музичка група во живо ги забавувала посетителите во Сити мол.
Почна дистрибуцијата на вакцината на „Модерна“ во САД. Kамионите се очекува денеска да се упатат на повеќе од 3.700 локации во САД, изјави денеска американскиот генерал Густав Перна. Втората вакцина против Ковид-19, која беше одобрена од американските регулатори, треба да стигне најрано утре во здравствените установи.

Бајден го соопшти тимот што ќе се бори против климатските промени. Тој вети масовно создавање работни места во зелените индустрии, вклучително и автомобилската, лидерство на Америка во борбата против климатските промени и 500.000 станици за полнење електрични возила во САД.

И.Т.З.
Next Post

Продолжува раззеленувањето на Скопје, засадени над 15.000 висококвалитени садници на повеќе локации

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk