ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на состанок со граѓанските организации: Преку интегрирани наставни програми учениците постигнуваат подобри резултати

December 21, 2020 18:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, на онлајн состанок со граѓанските организации денес разговараа за новата концепција за основно образование. На состанокот беше истакнато дека граѓанските организации се важен партнер на министерството во носењето на сите реформски процеси, вклучувајќи ја и новата концепција со којашто ќе се постигнат темелни промени во основното образование.
„Овие консултативни состаноци ги оргaнизираме со сите засегнати страни со цел да создадеме концепција којашто ќе биде прифатена од сите, а е во најдобар интерес на децата. Со новата концепција сакаме да го постигнеме полниот потенцијал кај секое дете и низ образовниот процес да создадеме граѓанки и граѓани кои ги почитуваат вистинските граѓански вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството. Интегрираните наставни програми не се новина и постојат во најразвиените современи образовни системи. Овие програми позитивно влијаат на
постигањата на учениците и им овозможуваат да го користат наученото и надвор од границите на определен предмет, да го користат своето знаење креативно и да развијат критичка мисла и ефективни стратегии за учење“, рече Царовска.

Министерката истакна дека новата концепција е само рамката според која се планира основното образованиe и не ги брише и менува содржините од наставните предмети. Изработката на поединечните наставни програми ќе следува по развојот и прифаќањето на Концепцијата. Наставните програми ќе бидат изработени од наставници, универзитетски професори и советници од Бирото за развој на образованието.

Царовска на состанокот посочи дека со новата концепција наставниците ќе продолжат
да си ги предаваат предметите за коишто и претходно држеле настава и дека ниту еден
наставник нема да ја изгуби работата.

„Со новата концепција ќе создадеме училиште коешто ќе ги учи младите да учат,  да
постигнуваат личен развој и ќе ги поттикнува да размислуваат критички и да ги
решаваат проблеми врз основа на анализи и факти“, рече Царовска.

Минатата недела министерката одржа консултативни состаноци за концепцијата со
директорите на училиштата, наставници, родители и ученици.

Next Post

Театар Куманово активно работи во текот на пандемијата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk