Арјанит Хоџа, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на Република Северна Македонија во своето излагање на “Toп тема” околу цената на тутунот појасни:
“Има тренд на зголемување на цената на тутнот, оваа и минатата година исплаќавме и неисплатени субвенции од претходната влада Во однос на откупот со тутунот, реално има подобрување и тренд на зголемување, просечната откупна цена за тутунот минатата недела беше 162 денари, а оваа 167 денари”.
Хоџа додаде дека сите субвенции кои досега не се исплатени, ќе се исплатат со предвидената динамика. Како што изјави Хоџа, после ребалансот на буџетот се одобрени 1,8 милијради денари за затварање на сите останати плаќања во земјоделството.
“За жал, оваа година и минатата се исплаќаа и неисплатени субвенции од претходната влада”, нагласи Хоџа. Тој истакна дека цело време се исплаќа, а од следната година сите заостанати плаќања ќе бидат исплатени, односно ќе се исплаќаат субвенции само за 2020 година.