“Сме на самиот почеток на откупот, правиме максимални напори за да можеме да се одблокира цела ова нервоза што се ствара. И реално гледано, постепено има подобрување. Пред да почнат протестите точно дека почна лошо, затоа и беше и состанокот и со откупувачите и со производителите. Ако земеме пресекот моментот кога се почнати разговорите, значи ние имаме, иако е мал тренд, но имаме тренд на зголемување н просечна цена. Ако просечната цена пред две недели беше 162 денари од килограм, моментално, со пресекот од петок, денес што ги добив од Државниот инспекторат за земјоделство резултатите, имаме 167 денари просек…” – рече министерот за земјоделство Хоџа, во своето интервју на Топ Тема на Телма Телевизија
“Сакам една работа да разјасниме, ако било која гранка очекува во мој мандат на министерување со Министерството за земјоделство, за ние само гасиме пожари и субвенционирањето односно плаќањето на субвенции да биде само сфатено како некаков вид на помош што нема долгорочна стратегија, тоа значи, јас ве уверувам дека нема да биде така. Или сакаме да имаме развојно земјоделство или за секоја година за некои одредени производи ќе гасиме пожар (како што се вика народски). Заради тоа, значи не би сакал во овој период, сега да го искажам целосниот став во врска со орозопроизводителите. Јас сум бил во Кочани, сум се видел значи со производителите, сум ги посетил и откупувачите, имам многу јасна слика, но како што ви кажав, ако се жалиме значи за ова година, треба да кажеме што сме направиле кога минатата година биле добри и цените, и пазарите и се” – додаде министерот Хоџа, во своето излагање.