ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП и Сојузот за стопански комори заеднички ќе делуваат во заштита на животната средина

December 21, 2020 15:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерство за животна средина и просторно планирање и Сојуз на стопански комори на Македонија, денес склучија меморандум за соработка, препознавајќи ја важноста на меѓусебната соработка и едновремено итноста да се обезбедат ефективни решенија за заеднички еколошки прашања кои ја поддржуваат потребата за одржлив развој.

Целта  на меморандумот е да се интензивира соработката за заштита на животната средина на национално ниво, а врз основа на потребата за унапредување на корпоративната одговорност и отчетност во областа на животната средина, како и за понатамошно унапредување на националната и меѓународна регулатива за претпријатијата, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека ќе се спроведе кампања со учество на малите и средни претпријатија, со цел преземање на мерливи и директни активности за справување со климатските промени, за заштита и унапредување на животната средина.

“Важно е да покренеме нови иницијативи насочени кон воспоставување рамка за соработка помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и граѓанското општество. Оваа соработка ќе овозможи подигање на колективната и индивидуалната свест за влијанието на загадувањето врз животната средина и работа кон развој на сериозен пристап за исполнување на обврските за заштита на животната средина. Најважно е што за прв пат иницијативата за намалување на загадувањето ќе ја насочиме кон иницирање саморегулација на претпријатијата со високо ниво на свесност, а не единствено со досегашниот пристап преку примена на репресивни мерки” изјави Арсовска.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини посочи дека двете институции ќе промовираат воспоставување, проширување и зајакнување на заемно корисна соработка со цел заштита на животната средина.

„Соработката со стопанствениците ја сметаме за исклучително важна, земајќи ја предвид нивната улога во прилагодувањето кон и исполнувањето на целите за заштита на животната средина, одржлив развој, како и трансформацијата кон циркуларна економија. Подобрата информираност и поинтензивна вклученост на малите и средни претпријатија во примената на почисти технологии и развивањето на поеколошки практики, како и поголемата свесност на сите нас за сопствениот удел, носи поголема посветеност и придонес во заедничките напори за постигнување на стандардите за животна средина кон кои се стремиме “ рече Нуредини.

Двете институции здружено ќе делуваат преку активности за соработка за спречување на загадувањето, еко едукација, креирање политики и заеднички напори за подигање на јавната свест за важноста на овие политики, за овозможување поквалитетен живот и здравје на граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk