ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Кочани ја исплати првата транша субвенции за печки на пелети и инвертер- климатизери

December 21, 2020 16:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Кочани исплати 700 илјади денари на граѓаните што поднесоа барање за субвенции за печки на пелети и инвертер-климатизери, според мерката за намалување на продукцијата на штетни материи во воздухот кои настануваат од загревањето во домаќинствата. Поради големиот интерес и за да одговори на поднесените барања, по предлог на градоначалникот, Советот на Општина Кочани ја усвои одлуката за поддршка на сите што аплицирале за овој вид субвенции и ги исполнуваат пропишаните услови.

Според податоците на стручните служби, оваа година се поднесени 159 барања, во кои доминираат за субвенции за инвертер-клими. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими деновиве ќе ја започне теренската работа, со посета на домовите на апликантите, за да ја утврди фактичката состојба, по што ќе се изготви и одлуката за доделување на субвенциите на останатите 89 барања од граѓаните.

Со одлуката за поддршка на сите барања, Општина Кочани ја зголеми за близу 150 проценти вкупната сума наменета за субвенционирање на граѓаните кои се определиле да ги заменат грејните тела на дрва, јаглен, нафта или мазут, со печки на пелети или со инвертер- клими, односно од 700 илјади на 1,7 милиони денари.

Висината на поединечната субвенција по барател односно домаќинство изнесува 10 илјади денари.

Next Post

Пендаровски – Шентоп: Натамошно продлабочување на македонско-турските односи во сите сфери

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk