По надзорот што го направила инспекцијата на Министерството за култура, денеска од раководното место на театарот во Гостивар е разрешен актерот Висар Вишка.
„Директорот Висар Вишка се разрешува поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Министерството за култура преку овластен инспектор за култура на 28.10.2020 година изврши вонреден инспекциски надзор во НУ Гостиварски театар – Гостивар , при што се утврдени низа неправилности во работењето на назначеното раководно лице.“„ потврдуваат за А1он од Министерството за култура.
За нов врѓител на должноста е поставен вработен од колективот на театарот.
Извор: А1он