ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Полекувањето на Законот за надворешни работи е да не се прават изговори за натамошно блокирање

December 21, 2020 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повлекувањето на Законот за надворешни работи го правиме за понатаму да не се прават изговори за блокирање и тоа е отстранување на една алатка за блокирање, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

-И реално НАТО сертификатите кои се воведени како новина се важна причина за сертификацијата на амбасадорите кои одат во земји-членки на НАТО и верувам дека од тој аспект тоа еден нов момент на кој се насочуваме, рече Заев.

Потсети дека вчера пратениците од парламентарното мнозинство донесоа одлука за повлекување на Законот, и тие како Влада ќе ја почитуваат.

-Овој закон беше поднесен и во минатиот парламентарен состав и тогашниот и сегашен претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски немаше проблем. Впрочем и додека бил министер се пуштени амбасадори со двојни држвјнаства, се поставени министри во минатите влади со двојни државјанства и слично, рече Заев.

Истакна дека кога станува збор за двојни државјанства, не треба да се избрзува. – Ние имаме огромна дијаспора, тоа е нашиот најголем амбасадор, тоа се едни од најголемите инвеститори во државата, тоа се нашите сограѓани кои живеат во дијаспората, тие се најголемите доставувачи на девизните дознаки, најголемите помагачи на граѓаните со некаде околу една милијарда евра или долари годишно во државата, да не избрзуваме, порача Заев.

СДСМ вчера го повлече законот за надворешни работи, од причина како што посочија, дека нема да дозволат внатрепартиската битка во ДПМНЕ да го блокира Собранието. -За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.  Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, посочија од СДСМ.

Next Post

Професорка Венди Баркли: Новиот вид на коронавирусот има 22 мутации

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk