Преку неколку видео пораки актерката Владанка Димковска за Иницијативата „Обединети во различностите“, говори за предностите и убавините на различностите, за меѓусебното почитување кај луѓето од различни заедници во нашето општество.
Иницијативата „Обединети во различноста“, е посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.