Првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми во емисијата „24 анализа“, во врска со случајот „Еуростандард банка“ рече дека постапуваат по наредба на јавното обвинителство.
Кога почнале да истражуваат, како што рече, во самата банка и добиените банкарски сметки на одредени фирми, со дадени ризични кредити, утврдиле голема мрежа, односно дека не се 140 фирми, туку повеќе.
Во врска со обвинувањата на опозицијата дека 29 фирми се од Струмица и наводите од власта дека дел од фирмите кои биле кредитирани без покритие се поврзани со Мицкоски, Муареми вели дека во сите тие фирми на утврдиле дека сопствениците се високи функционери и дека не може да се каже дека се само од Струмица.
„Од целата територија има фирми кои се дел од тие кредити без покритие и сме на добар пат да докажеме каде завршиле парите. Веќе почнавме предистражна постапка за две-три банки кои постапувале на сличен, но не ист начин“, – вели Муареми.
Разликата од Еуростандард банка, вели, е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, односно ги искористиле кредитит од самата банка за купување акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки со парите на банкките.