ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забранети летови и карантин за патниците од Британија, се работи на побрза набавка на вакцини

December 22, 2020 07:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради појавата на нова мутација на коронавирусот во Велика Британија, од денеска се забранети сите летови од и кон оваа држава. Мерката за оваа забрана ќе трае до крајот на годинава. Кај нас надлежните уверуваат дека вирусот е под контрола, а во однос на вакцината, се е подготвено навреме за нејзина набавка.

Превентивната мерка за забрана на летови од и во Велика Британија ја усвои синоќа Владата по препорака на Комисијата за заразни болести..

Дополнително, за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија, како и за оние патници кои од таа држава ќе стигнат во земјава по копнен пат, ќе важи мерката задолжителна 14-дневна самоизолација.

 

Во меѓувреме надлежнита работат на набавка на вакцини против Ковид-19. Покрај Ковакс системот, се водат и директни преговори и разговори со производителите на вакцината.

Премиерот Зоран Заев вчера потврди дека се е направено навреме за набавка на вакцина. Тој очекува следните денови да се најде решение и за директна набавка. Од Бирото за јавни набавки се бара решение како директно да се купи вакцината.

-Владата очекува од Бирото за јавни набавки да бидат инвентивни и да кажат како може тоа да се направи. Доколку одговорот биде дека не може, министерот за здравство со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата ќе работат на дополнување на членот на Законот за јавни набавки со поглавје Ковид-19 заради набавка на вакцини, лекови и сл. да има можност директно по пат на преговарање да можат брзо да ја направат набавката. Очекувам во следните денови да се најде решение, рече вчера Заев.

Постои и можност за директна поддршка од Грција и Бугарија, а се размислува и за грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за набавка на вакцините.

Прашан дали доцниме со набавка на вакцина за коронавирусот, Заев изјави дека се е навреме направено, и со контакти и со финансии.

Се очекува деновиве да почне вакцинацијата во земјите од ЕУ откако вчера зелено светло за вакцината на Фајзер и Бионтек даде и Европската агенција за лекови. Агенцијата и препорача Европската комисија да даде условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.

 

Во САД,пак, почна вакцинацијата и со вакцината на „Модерна“.

Вакцините, според првичните истражувања на СЗО, ќе бидат ефикасни за заштита и од новата варијанта на коронавирусот. Иако побрзо се шири, заасега нема докази дека новата мутација на коронавирусот ќе доведе до зголемена смртност.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77,5 милиони. Оздравеле 54,4 милиони, активни во моментов се 21,4 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Кај нас вкупниот број дијагностицирани достигна 78.434, оздравени се  55.155, а починати 2.314. Бројот на активни случаи е 21.979.

Во нашите болници се лекуваат 1.197 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19. Има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во вчерашниот здравствен биланс беа евидентирани нови 129 случаи на КОВИД-19 од направено 591 тестирање, а 63 од новозаразените се во Скопје. Починаа 22 лица, а оздравени се  689 пациенти./МИА/.

Next Post

Џафери: Ниту еден народ не би прифатил преговори за тоа што го бара Бугарија

НАЈНОВО

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk