ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британски научници: Децата веројатно поподложни на новата варијанта на коронавирусот отколку на досегашната

December 23, 2020 15:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на советничката група на британската влада НЕРВТАГ ​​тврдат дека децата најверојатно се поподложни на заразување со мутираниот коронавирус, во споредба со неговите претходни варијанти, но дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна, објави Дејли меил.

Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со новата, мутирана форма на коронавирус. Оваа хипотеза, сепак, сè уште не е докажана.

Фергусон наведува дека бројот на заразени со новата варијанта на коронавирус кај деца под 15-годишна возраст е многу поголем, во споредба со бројот на заразени со други соеви на САРС-КоВ-2 во истата возрасна група, но не даде точни податоци.

Тој рече дека е можно оти новата варијанта на вирусот, наречена Б.1.1.7, која се појави во текот на ноемврискиот карантин, за време на првото полугодие во училиштата, бидејќи оваа варијанта е поефикасна во заразувањето деца отколку претходните форми на САРС-КоВ-2.

Научниците веруваат дека новата варијанта на вирусот е позаразна за 50 до 70 проценти, но тие не веруваат дека е посмртоносен, ниту дека предизвикува потешки форми на болеста кај деца и возрасни.
Досега, децата биле заразени со коронавирусот во многу помал број отколку од другите респираторни заболувања, вклучувајќи го и грипот.

Според водечката теорија, ова се случува затоа што децата имаат многу помалку рецептори на ACE2 преку кои коронавирусот влегува во човечките клетки, а чиј број се зголемува со возраста. Професорката Венди Баркли од Кралскиот колеџ во Лондон и членка на НЕРВТАГ тврди дека поради тоа возрасните се полесна „мета“ за коронавирусот во споредба со децата.

Баркли верува дека новата варијанта на вирусот инфицира повеќе деца, не затоа што тие се негова „мета“, туку затоа што сега тој е помалку инхибиран.

 

/МИА/
Next Post

Вистиномер: Во С.Македонија нема учебник во кој пишува дека постојат само три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди - како што тврдеше Џамбаски

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk