ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Чешката Академија на науки ја објави својата архива на старословенски јазик во дигитална форма

December 23, 2020 22:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Академијата на науки на Република Чешка (АНРЧ) на 22 декември 2020 година објави на интернет дигитализирана верзија на својата архива за старословенскиот јазик, меѓу другото и огромен речник со над 20.000 одредници и над 840.000 зборовни форми, пренесува агенцијата Мета.мк.

Дигиталниот портал за старословенскиот јазик Горазд (gorazd.org) е достапен на чешки, руски и англиски јазик, а за објавените материјали се достапни и преводи на германски, латински и делумно на грчки јазик.

„Светската експертска јавност со нетрпение го очекуваше објавувањето на Горазд“ – изјавил професорот Штефан Пилат од Одделот за палеословенски и византолошки студии при Словенскиот институтот на АНРЧ, објави академијата. Порталот нуди опции за пребарување кои може да се користат и од истражувачи и од лаици.

Покрај дигиталниот речник, објавена е и целата старословенска картотека, која во академијата била чувана на хартија. Таа е дигитализирана и достапна преку анимиран интерфејс преку кој може да се разгледуваат дигитални копии на оригиналните картички. Голем дел од дигитализираните записи се на кирилица, но има и скенирани ракописи на глаголица.

Анимираниот интерфејс на дигитализираната картотека.

Во соопштението издадено по повод објавата на порталот, чешката академија на науки истакнува дека Горазд е резултат не само на петгодишниот проект за дигитализација поддржан од Министерството за култутра, туку дека претставува дел од наследството на работата на повеќе генерации чешки слависти од Словенскиот институт.

Снимка на екранот со картичка за зборот „мед“.

Горазд е името на еден од четирите ученици на Св. Кирил и Методиј кои се вратиле на Балканот по смртта на просветителите во текот на Моравската мисија – преостанатите се Климент, Наум и Ангелариј.

Мисијата претставувала соработка меѓу Источното Римско Царство (подоцна од  историчарите наречено Византија) и една од првите словенски држави – Велика Моравија, која опфаќала делови од териториите на денешна Чешка и Словачка. Целта на мисијата било ширење на христијанството на народниот јазик на Старите Словени, кој денес се нарекува старословенски и претставува основа за сите современи словенски јазици.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk