Фидан Арсовски е член на Унија на млади сили (ВМРО-ДПМНЕ).
Цветановски Бојан е член на Социјалдемократска младина на Македонија (СДСМ).
Покрај тоа што сме големи идеолошки не истомисленици или како што тоа кај нас знае да се толкува – “вечни непријатели”, немаме никаков проблем да застанеме рамо до рамо и да спасиме 2 човечки животи. Воопшто, во ниту еден момент не се запрашаа дали човекот за кого даруваат крв е: Македонец или Албанец, христијанин или муслиман, член на СДСМ или ВМРО. Тие само знаеја дека спасуваат човечки живот.
Бојан и Фидан се вистински пример за тоа како треба да се однесува политичката елита, но и секој граѓанин во Македонија. – истакна Мери Цветановска, родител на едно од младите момчиња, на својот фејсбук профил.