ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со штитеници од Јавната установа за згрижување деца во социјален ризик

December 23, 2020 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на децата од Јавната установа за згрижување деца во социјален ризик денеска предновогодишно се дружеа со министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јагода Шахпаска, како и со претставници на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО).

Од МВР информираат дека децата имале можност да се запознаат со работатата на единиците за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка, да поразговараат со полициските службеници како тече еден нивни работен ден и да ручаат заедно со нив во мензата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Од страна на Одделот за специјални полициски операции, децата добија и новогодишни подароци, кои се состојат од прехранбени артикли и спортска облека, патики и топки, купени со средства собрани од припадниците од трите единици – за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка.

Посакувајќи им добредојде на децата и сите присутни во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, министерот Спасовски им се заблагодари на припадниците на специјалните сили на МВР што и годинава издвоиле финансиски средства од сопствениот буџет за да ја продолжат веќе востановената традиција и да ги израдуваат овие деца и тие да почувствуваат меѓусебната грижа и дека секој еден е важен.

– За мене е многу важно што полицијата покажува една хумана акција, хумана димензија. Ако сакаме да градиме сериозна доверба со нашите граѓани, ако сакаме да бидеме блиски со граѓаните, а знаеме дека сме должни да ги почитуваме интересите на граѓаните, тогаш е важно да покажеме и една хумана димензија и тоа веќе го прават полициските службеници, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи потсети дека годината што изминува беше тешка и полна со предизвици што ги донесе пандемијата, бидејќи примарното внимание на сите беше насочено кон зачувување на здравјето и таа предострожност за сопственото и здравјето на најблиските мора да продолжи и во Новата година.

– Ние сме тука да бидеме потпора за секој еден од вас! Кога било што да ви притреба во животот, Министерството за внатрешни работи ќе биде тука за да подаде рака, да ви даде поддршка, помош, затоа што без поддршка и помош никој од нас не може да оди напред, да ги оствари своите цели и интереси, им порача министерот на најмладите, честитајќи им ја Новата година.

Министерската Шахпаска изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи и претставниците на Одделот за специјални полициски операции, кои и оваа година издвоија свои средства и ги израдуваа децата од малите групни домови со подароци.

– Малите групни домови претставуваат половина од нашата успешна приказна, затоа што сите деца до 18 години, ги извадивме од институциите и денес тие живеат во мали групни домови, во услови најблиски на едно семејство, се дружат, си помагаат и се грижат едни за други. Секако, тука се и стручните лица кои се грижат за нив, и придонесуваат во нивната изградба на индивидуални личности, посочи министерката.

Таа потенцира дека хуманоста не познава граници, не препознава професија и хуманоста не препознава период на годината.

– Секој ден треба да бидеме хумани и да им помагаме на луѓето, не само во облик на подароци, туку и како поддршка и помош на оние кои се немоќни и ранливи, посочива Шахпаска.

Таа воедно на сите присутни и на децата им посакала многу здравје и желби за поубава нова година.

Во соопштението се потестува дека преку процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика успеа да ги извади сите 180 деца под-18 годишна возраст кои на почетокот на 2017 година беа сместени во социјалните институции.

– Притоа, им беше обезбедена грижа во заедницата до крајот на 2019 година – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, како форма на грижа најблиска до семејната. Наместо поранешните „сиви“ и безлични институции, денеска во земјава функционираат вкупно 22 групни домови во кои се обезбедува 24 часовна грижа и поддршка за 110 деца, се додава во соопштението.

 

/МИА/
Next Post

Општина Штип и официјално доби нов градоначалник

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk