ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Виолета Бешка: Се предвидува да има осум задолжителни предмети, можност за избор и на албански јазик, наместо друг втор јазик за изучување

December 23, 2020 15:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професорката од Филозофскиот факулетет во Скопје Виолета Петроска Бешка на денешната прес конференција на која учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска, ги претстави новините во наставниот план.

Таа информира дека во наставата се предвидува да има осум, односно девет задолжителни предмети, во зависност од тоа дали наставата се следи на македонски или на други јазици.

„Едната група на задолжителни предмети ја сочинуваат: македонски/албански/турски/српски/босански, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик. Предметот „Природни науки“ опфаќа содржини што традиционално припаѓаат на: билогијата, физичката географија, хемија и физика. Предметот „Општествени науки“, кој најверојатно ќе биде и со друг назив, ги опфаќа предметите што припаѓаат на: историја, општествена историја, граѓанско образование, религии, етика итн.“, рече професорката Бешка.

Професорката нагласи дека во наставниот план задолжителните предмети од оваа група се застапени во сите одделенија, некогаш со повеќе а некогаш со помал фонд на часови во зависност од возрасрта и одделението што го посетува ученикот.

„Во другата група на предмети спаѓаат оние кои го покриваат уметничкото образование – ликовното и музичкото образование, физичкото образование и техничко-технолошко-имформатичко образование. Меѓу задолжителните предмети на учениците кои не ја следат наставата на македонски јазик, се вклучува и предметот македонски јазик, кој ќе се изучува во вториот и третиот период од основното образование (од IV do IX одделение).

Професорката рече дека голема новина е тоа што секое училиште задолжително ќе нуди две листина изборни предмети.

„Едната листа се однесува на учење на англиски, француски, германски или руски јазик како втор странски јазик за изучување, кој сега го бираат самите ученици. Новина е и тоа што сега и албанскиот јазик се нуди како избор за втор странски јазик, па учениците кои сакаат да учат албански јазик ќе можат да го изберат албанскиот јазик наместо друг странски јазик. Другата листа опфаќа четири категории од изборни предмети зависно од интересто на учениците и можностита на училиштето“, појасни на прес-конференцијата професорката Бешка.

На прес-конференцијата, покрај министерката Царовска, беа присутни и заменик-министерот Арафат Шабани, државниот секретар Сељатин Бељули и експертите кои беа вклучени во изработката на новата концепција за основно образование.

Владат вчера на седница донесе заклучок да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

 

 

 

 

 

Next Post

Франција може да воведе зелени пасоши за вакцина

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk