ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Во С.Македонија нема учебник во кој пишува дека постојат само три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди – како што тврдеше Џамбаски

December 23, 2020 15:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Бугарскиот европатеник и заменик претседател на ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски (Ангел Джамбазки) на својот официјален Фејсбук профил објави статус со дезинформација во која се вели оти во официјален учебник од Република Северна Македонија се промовира расизам и дека затоа треба да се спречи нејзиниот влез во ЕУ. Статусот е со следната содржина:

Нагледно учебно помагало за промакедонските соросоиди од жолтата калдрма (се мисли на плоштадот „Цар Ослободител“ – локација на антивладините протести во Софија – н.з.) и ул. „Шишман“ (собиралиште на софиската либерална младина – н.з.), кои сакаат да ја пуштиме Република Северна Македонија во ЕУ веднаш и без никакви услови. Ова е скопски учебник. Како ли гледаат на оваа расна теорија нивните работодавачи во странските амбасади?
„Вистиномер“ се обрати до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за официјален одговор, дали во образовната програма за кое било одделение од основното образование, или за која било година од средното образование, во употреба е учебник со ваква содржина. Забележавме дека изјавата на европратеникот Џамбаски е поткрепена со фотографија од наводниот учебник, од која што е очигледно дека текстот е напишан и на германски јазик и на македонски јазик. Спорното тврдење илустрирано на оваа фотографија е дека „има само три крвни групи и три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди, а сите други се Мулати“.
Од Министерството за образование и наука се децидни:

Не постои учебник со ваква содржина, напишан на македонски и на германски јазик, којшто е во употреба во образовната програма за основно или за средно образование.

Со дополнително истражување тимот на „Вистиномер“ утврди дека книгата која бугарскиот европратеник Џамбаски ја квалификува како учебник, всушност, претставува приватна публикација, односно книга на авторите Ристо Поповски и Ангелина Маркус, насловена како ,,Филип втори Македонецот”.

Книгата е во издание на Едиција Клеа, испечатена во 2008 година во 1.000 примероци. Како што е наведено во онлајн изданието достапно за преземање во ПДФ формат, книгата е спонзорирана од Жан Митрев и Кардиохирургија Филип Втори. На 28-та страница од книгата може да се најде илустрацијата заедно со тврдењето дека има само три крвни групи и три раси, Македониди Монголоиди и Негриди.

Во неговиот пост, со кој дезинформира за содржините од учебниците во Северна Македонија, бугарскиот европратеник Џамбаски го користи терминот „соросоиди“ за лицата кои се противат на одлуката на Владата на Република Бугарија да го попречи влегувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. Организацијата на Евреите од Бугарија „Шалом“ во август предупреди таквите случаи се форма на говор на омраза – антисемитизам, додека во Република Северна Македонија стручњаци за човекови права укажуваат дека според стандардите на Советот на Европа користењето на тој термин е дискриминација.

Оттука, изјавата на бугарскиот европратеник Џамбаски ја оценуваме како невистинита, затоа што книгата не е во официјална употреба во македонскиот образовен систем и уште помалку претставува ,,учебник”, како што тврди тој. Кога се споменува зборот учебник, тоа значи применета литература во официјалниот образовен систем на земјата, што со оваа приватна публикација не е случај.

Извор: Вистиномер

Next Post

Бојан Василевски генерален секретар на Собранието, верификуван мандатот на пратеникот Мухамед Кадриов

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk