ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пуштена во употреба велосипедската патека на улицата „Никола Парапунов“

December 24, 2020 16:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје денеска ја стави во употреба велосипедската патека на улицата „Никола Парапунов“ која беше реконструирана оваа есен, како дел од градежната офанзива за 2020 година. Оваа велосипедска патека е во должина од 580 метри и претставува важен конектор на двете главни велосипедски рути во Скопје кои се протегаат по должината на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“.

– Овде изградивме велосипедска патека која е четврти конектор меѓу „Илинденска“ и „Партизанска“. Три конектори се направени во последниве две години, како што го развивавме проектот „Вело Скопје“. Инвестирајќи во велосипедските патеки, годинава успеавме да надминеме 100 километри велосипедски патеки во нашиот град, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Оваа патека, додаде, е всушност добар мотив сите заедно да почнеме да работиме на измена на нашите навики, наместо автомобил да користиме велосипед, зашто тоа е побрз и поздрав начин на движење, а во услови на пандемија и попрепорачлив начин на движење.

– На локалните жители кои дел од овој простор го користеа како паркиралиште, им поделивме флаери и ги замоливме да не навлегуваат со своите возила на велосипедската патека. Сега засега е коректен односот на граѓаните, но ако видиме дека тоа не ни успева ќе почнеме најпрво со опомени, а потоа и со казнување. Подготвени сме и физички да ја одделиме оваа патека, со столпчиња, додаде Шилегов.

На отворањето на новата велопатека денеска присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“, Бобан Црничиќ.

Во одговор на новинарско прашање градоначалникот Богоев рече дека граѓаните на Карпош 3 и 4 во ни една варијатна на решавање на проблемот на паркирање нема да плаќаат паркинг.

– Сметам дека можеби едно од најповолните решенија е зонски паркинг кој подразбира за возилата на резидентите да биде бесплатно, си има и евтина гостинска карта, со најавување елетронски, а од друга страна сите гости кои доаѓаат во Сити мол и не сакаат да паркираат во Сити мол треба да платат и да не им штетат на граѓаните, рече Богоев.

 

/МИА/
Next Post

Лондон и Брисел се надеваат на договор спроти Божик

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk