Судскиот совет на денешната седница разреши двајца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, објавено е на веб-страницата на Советот.
Според информации на „Фронтлајн”, станува збор за судии кои имаат долг судиски стаж, а судат, односно суделе во Основниот суд во Охрид.
За едниот од нив постапката е од поодамна, бидејќи веќе еднаш била донесена одлука за разрешување, но судијата се жалел до Врховниот суд, па предметот се вратил од почеток. Другиот судија е долгогодишен кривичар кој водеше предмет познат во јавноста. Разрешените судии ќе имаат право на жалба.
Со овие разрешувања, Судскиот совет за две години вкупно разреши 10 судии, меѓу кои експретседателот на Врховниот суд, Јово Ванегеловски и дел од советот кој го ослободи Сеад Кочан и експретседателот на скопска единица, Владимир Панчевски. Власта пак најави методологија за прочистување во судството, која се очекува да биде објавена следната неделa.