#Frontaction
Живееме во време, во кое секој може да напише што сака – и како сака.
Без да има и без да сноси никаква одговорност пред себе си и пред луѓето на кои ќе им ја сервира лагата. Деновиве сме сведоци на што повеќе искривени вистини, лаги и манипулации со важни работи. Што и да е големо и да е важно за општеството се спинува, се врти и се искривува. Станува лага која подоцна некој може да го чини живот.
Извртувањето на важни информации има големи последици, некогаш несвесно ќе споделиме некоја вест на социјалните медиуми, а не сме ни свесни дали е вистина или не. Затоа осетливите информации сметам дека секогаш треба да се проверат. Да се види изворот и да се дознае дали нештото е вистина. Не знам дали сме свесни , ние војуваме со лажни вести. И секој од нас треба да е војник на вистината.
Само така ќе ја скршиме машинеријата на лажни вести. Само со одговорно однесување кон било која информација. Бидејќи зборот – пишан или кажан има тежина. А ние тоа често го забораваме.
Ве сака,
В
камера: Атанас Петровски
монтажа: Б. Ј.