Малите, слатки и бели братчиња се вистински мелем за очи. Нивните фотографии станаа хит низ светот.
Во Кина се роди четворка бели лавчиња, нешто што се случува навистина ретко. Четирите машки лавчиња, кои се родиле во „Nantong Forest Safari Park“ пред еден месец, наскоро ќе почнат да се запознаваат и со други луѓе, освен со своите негуватели.
Тие изгледаат многу слатко, и веднаш станаа главна атракција во светот.