Раководителката на Институтот за педагогија Јасмина Делчева Диздаревиќ во гостување за А1 он, рече дека работата на психолозите и педагозите е да кажат како ќе изгледа новата концепција за основно образование, а на останатите експерти од посебните научни дисциплини што треба да се учи во текот на наставата.
„Со концепцијата создаваме сеопфатно образование. Треба да се гледа развојниот процес на децата, да се дозира толку колку што е потребно на детето, не да го оптерети со непотребни содржини како што сега воопшто не се води грижа. Колку детето може да восприеми од тие апстрактни поими. Јас како педагог сум должна да кажам каков ќе биде пристапот, начинот на предавањето, но не и што ќе учат. И затоа во оваа фаза не се консултирани останатите колеги“, рече Делчева Диздаревиќ.
Делчев Диздаревиќ вели дека како државата треба да составиме еден наш автентичен систем од најдобрите практики, во наши услови, со наши наставници и да профункционира.
„Да кажете дека сме презеле модел и сме го препишале тука е многу несериозно. Многу е тажно кога ќе се извади од контекст нешто. Како можеме да земеме некој готов систем и да го донесеме тука, а како би биле несериозни да не анализираме убави системи како функционираат, па да видиме што е најдобро и да го ставиме во наш контекст. Сеопфатна анализа и она што сметаме дека е најдобро и во наши услови со наши наставници и експерти да направиме нешто да биде добро, а да биде современо и модерно. Кога правиш сеопфатна анализа не се фокусираш само на една земја“, потенцираше Делчева Диздаревиќ.