ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европа слави поинаков Божиќ

December 25, 2020 10:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Владите низ цела Европа денеска балансираат помеѓу избегнување на ширење на коронавирусот за време на Божиќните празници и овозможување луѓето да слават со семејството и пријателите.

Ова се дел од мерките што некои европски земји ги усвоија за прославите на крајот на годината.

Голем дел од Англија е под најстроги ограничувања поради Ковид-19 од 26 декември, соопшти британската Влада, додека многу заразната варијанта продолжува да се шири. Скоро сите делови на Шкотска и Северна Ирска исто така ќе бидат под највисоко ниво на ограничувања по Божик.

Луѓето што живеат во Англија во области на ниво четири нема да смеат да бидат во контакт со другите за време на Божик, а сите други ќе можат да ги видат семејството и пријателите само на 25 декември.

Во Велс, две домаќинства ќе можат да се мешаат на Божик, а во Шкотска три.

Негативен тест за Ковид-19 не постар од три дена е потребен за патниците кои влегуваат во Холандија од 29 декември, а владата исто така го ограничи собирот на две лица со привремено олеснување со зголемување на границата на тројца возрасни посетители во текот на три дена околу Божик.

Шведска ја затвори границата со Данска на 21 декември на полноќ за еден месец за да избегне граѓани кои брзаат во Шведска за божиќен шопинг.

Заклучувањата во Италија ќе бидат во сила во најголем дел од зимските празници – продавниците што не продаваат храна се затворени во периодот од 24 до 27 декември, 31 декември и 3 и 5 јануари. На луѓето ќе им биде дозволено да патуваат само заради работа, здравје или итни причини.

Полска ќе го продолжи затворањето на училиштата, рестораните и спортските центри за хотели, ски патеки и трговски центри од 28 декември до јануари.

Ресторани, спортски и рекреативни центри се затворени во Швајцарија еден месец од 22 декември, продавниците ќе останат отворени со ограничен капацитет.

Хрватите не можат да го напуштат округот во кој живеат меѓу 23 декември и 8 јануари. За време на приватните собири за време на сезоната на празници, нема да биде дозволено повеќе од 10 лица од максимум две домаќинства. Ноќниот полициски час ќе започне во 21 часот, наместо во 23 часот, а јавните собири ќе бидат ограничени на две лица надвор од семејствата од 27 декември.

Полицискиот час во Шпанија ќе биде релаксиран за празниците, а за Божик и Нова година ќе можат да се соберат до 10 лица по домаќинство. Движењето меѓу регионите ќе биде ограничено на посети од семејството и блиските пријатели во периодот од 23 декември до 6 јануари, освен ако регионите не наметнат построги правила.

Во Германија од 16 декември до 10 јануари се отоврени само продавници за храна. Приватните собири ќе останат ограничени на најмногу пет лица од две домаќинства, а правилата ќе бидат релаксирани за време на Божиќните празници кога ќе им биде дозволено да се соберат до 10 лица.

Франција ја укина наредбата да се остане дома на 15 декември и ја замени со ноќен полициски час, што не важеше за Бадник.

Унгарија ги задржа ограничувањата, вклучително и полицискиот час, за да се спречи ширењето на коронавирус инфекции најмалку до 11 јануари.

Норвежаните ќе можат да поканат до 10 гости во два наврати помеѓу Божик и Нова година.

Хрватска го прослави Божиќ во невидени услови – забранети се јавни настани, како и секое собирање на повеќе од 25 лица на отворено. Кафулиња, ресторани и други угостителски објекти, спортски сали, спортски центри беа затворени, а за празниците, до 8 јануари, е забрането да се собираат повеќе од 10 лица во куќи, како и да се собираат луѓе од повеќе од две различни домаќинства. И покрај строгите мерки, црквите не се отворени само за Божик, туку мерките за нив се дополнително ублажени

 

/МИА/
Next Post

Царовска: Со новата концепција децата од најрана возраст ќе учат зa мултикултурализам и граѓански вредности

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk