ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мијиќ: Со новата концепција се добива континуитет во изучување на природните науки во цела деветолетка

December 25, 2020 09:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иванка Мијиќ, советник во Бирото за развој на образование во емисијата „Објектив“ на Националната радио телевизија го објасни начинот на кој ќе се обединат модулите во интегрираниот предмет природни науки. Мијиќ рече дека согласно новата концепција за основно образование, наставниот предмет природни науки ќе се изучува во сите девет одделенија од деветгодишното основно образование. Започнувајќи од прво, заклучно со петто одделение ќе биде застапен со два часа неделно, во шесто одделение ќе се изучува со три часа неделно а во третиот развоен период од основното образование, од седмо до деветто одделение, по пет часа неделно.

„Она што е новина за предметот природни науки, е тоа што од седмо до деветто одделение, наставните предмети биологија, хемија и физика се интегрираат во нов наставен предмет природни науки, како подделни модули во рамките на самиот наставен предмет. Тоа значи дека, во суштина научните дисциплини билогија, хемија и физика и понатаму остануваат да се изучуваат како досега, во однос на обемот, само што сега тие се преструктурирани во наставниот план. Овие три модули, модул биологија, модул хемија и модул физика, од еден аспект како модули се независни. На пример, во модулот биологија ќе се изучуваат исклучиво наставни теми и наставни содржини коишто се од научната област биологија. Соодветно и во другите два модула“, посочи Мијиќ.

Со новата концепција се добива континуитет во изучувањето на природните науки, рече Мијиќ.

„И сега од прво до шесто одделение имаме наставен предмет природни науки, во којшто се веќе интегрирани овие научни дисциплини билогија, хемија и физика. Но во седмо одделение постои еден прекин во изучувањето на научните дисциплини хемија и физика и со новата концепција тој прекин се надминува, што е многу позитивно затоа што добиваме еден континуитет во изучувањето на природните науки. Согласно новата концепција, од научните дисциплини хемија и физика, она што се изучува во осмо одделение, во иднина ќе биде распределено во две одделенија, во седмо и во осмо одделение, така што на учениците ќе им се обезбеди тој континуитет во учењето, што е навистина чекор напред“, рече Мијиќ.

Сите модули во предметот природни науки во текот на учебната година поодделно ќе се реализираат, континуирано, од почетокот до крајот на учебната година. Секој од овие модули ќе го предава компетентен наставник. Тоа значи ако наставникот е универзитетски профилиран и е наставник по билогија, ќе го предава исклучиво модулот биологија. Наставниците по хемија ќе го предаваат модулот по хемија, наставниците по физика модулот по физика. Наставниците што имаат завршени двопредметни студии, пример и биологија и хемија, може да ги предаваат и двата модули.

 

Next Post

СДСМ: Мицкоски шест пати губи на избори

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk