ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проект на ЦЕПАК „Прва линија на вистината“: Потребна е координирана акција во справување со лажните вести

December 25, 2020 15:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Околу 40 проценти од граѓаните можат брзо да препознаат лажни вести, на 25 отсто им треба време да ги препознаат, 30 проценти сметаат дека не секогаш ги препознаваат, а пет отсто ги прифаќаат како факт сите пласирани вести на кој и да е медиум за комуникација.

Ваквите сознанија произлегуваат од истражувањето што го спроведе Центарот за економски политички, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), со поддршка од НАТО Дивизијата за јавна дипломатија, во рамки на проектот „Прва линија на вистината“.

Со истражувањето, тимот на ЦЕПАК изработи длабинска проценка, анализа и препораки за нов и иновативен начин на комуникација помеѓу институциите и граѓаните, со цел да се зголеми отпорноста на општеството кон лажните вести и информации, особено во време на криза. Како дел од проектните активности, ЦЕПАК ангажираше дел од националната мрежа на Алумни и со помош на осум модератори/истражувачи спроведе истражување со повеќе од 800 испитаници и фокус групи на анкетирани на возраст од 18 до 35 години во секој од осумте плански региони во земјава.

Според резулатите од истражувањето, како што посочи координаторот на проектот Бобан Стојановиќ, испитаниците сметаат дека лажните вести можат да предизвикаат паника и дополнителна вознемиреност кај населението, особено во време на кризи како што е сегашната со пандемијата со Ковид-19, па дури и кога таквата информација е споделена од забава или незнаење таа „не е безопасна“ и „лесно може да предизвика дополнителна паника и негативни реакции“.

Дури 60 проценти од анкетираните се на ставот дека лажните вести се објавуваат најмногу „за да бидат во корист на одредена теза“, 25 отсто сметаат дека нивната цел е „креирање на забуна“, а помали проценти оценуваат дека „некои луѓе тоа го прават за забава“ или пак немаат одговор.

Вкупно 59 отсто од испитаниците „не пројавуваат интерест“ за веста ако знаат дека таа е лажна, но од друга страна, 41 проценти од нив „пројавуваат интерес“ да ја прочитаат, иако се свесни дека станува збор за неточна и невистинита информација. Дури 80 отсто од анектираните навеле дека забележале лажна вест во традиционалните медиуми, но најголем дел сметаат дека тоа било резултат на „неквалитетно известување и непроверување на фактите“.

Кога станува збор за споделувањето на вести, над 55 отсто од испитаниците изјавиле дека „ретко“ или „никогаш“ не споделуваат вести и стории со пријателите и блиските на социјалните медиуми, околу 25 проценти тоа го прават „еднаш“ или „неколку пати неделно“, а 20 проценти ова го прават „секојдневно“.

– Можеме да забележиме дека иако социјалните медиуми играат огромна улога во информираноста на луѓето, постои значителен дел на корисниците кои само ги читаат вестите и информациите, но не ги споделуваат, истакна Стојановиќ.

Вкупно 41 отсто од анектираните сметаат дека нашето општество „воопшто не е отпорно“ на лажни вести, 33 проценти дека тоа е „делумно отпорно“, а само пет отсто се на ставот дека општеството е „отпорно“ на оваа појава. Дури 22 проценти од испитанците немаат конкретен став за ова прашање.

Над половина од испитаниците или 50,4 отсто сметаат дека имаат пристап до информации и протоколи за соодветно справување со лажните вести, особено во услови на кризи, како епидемии/пандемии, поплави, пожари, земјотреси или други елементрани непогоди, додека останатите имаат спротивно мислење. Дури 89 проценти од испитаниците се на ставот дека „треба да се креира апликација преку која би имале пристап до проверени вести и информации од едукативен карактер“, што би придонело за подобро справување со кризите и намалување на негативниот ефект предизвикан од лажните вести.

Стојановиќ посочи дека дури 93 отсто од граѓаните ги користат социјалните медиуми како извори на вести и информации, но сепак најмногу им веруваат на традиционалните медиуми. Според него, за над 40 проценти од граѓаните социјалните медиуми се главен извор за информирање, за 31 отсто тоа се веб страните на традиционалните медиуми, за околу 25 проценти главен извор се телевизиите, радијата и печатените медиуми, а само четири отсто од анкетираните се информираат со пренесувањето на вести од човек на човек.

Како што информира вториот координатор на проектот, генералот Мирослав Стојановски, врз основа на истржувањето се заклучува дека граѓаните ги сметаат традиционалните медиуми за најрелевантен и најдоверлив извор на вести, но социјалните медиуми претставуваат главен извор на информирање и иако постои одреден степен на свесност кога се во прашање лажните вести, една третина од нив не секогаш може да препознаат лажна вест, додека во исто време повеќе од две третина ги дискутираат актуелните настани со своите семејства и блиски.

Тој нагалси дека постои потреба од унапредување на состојбата во општеството за справување со лажните вести, бидејќи дури 41 отсто од испитаниците сметаат дека македонското општеството не е воопшто отпорно на лажни вести.

– Дополнително, во случај на кризи, половина од испитаниците потврдуваат дека немаат пристап до информации и протоколи за соодветно справување со нив, па затоа постои потреба од апликација која би довела до подобро справување со кризите и намалување на негативниот ефект предизвикан од лажните вести кај населението, се наведува во препораките од истражувањето.

Стојановски нагласи дека согласно ваквите заклучоци, во истражувањето на ЦЕПАК се препорачува зголемување на медиумската писменост и охрабрување на критичкото размислување кај граѓаните, не само преку медиумите, туку и преку неформална едукација на населението од страна на Владата и невладиниот сектор, а со цел општеството да стане поотпорно на лажните вести.

Покрај ова, според него, се препорачува и изработка на платформа која ќе ги содржи и обединува сите информации дадени од страна на релевантните институции, збирно и на едно место и пренесување на вестите до населението преку иновативен начин на комуникација, со изработка и ставање во функција на алатка која би била бесплатна и достапна и би имала за цел да врши и информирање и едуцирање на граѓаните, посебно во случај на кризи.

– Секој поединец може да придонесе за спречување на ширењето на лажните вести, доколку сме во можност преку одредена платформа да ја посочиме таа лажна вест, истакна Стојановски.

Според него, справувањето со лажните е национална одговорност на институциите, медиумите и образовниот систем. – Затоа ние е потребна помош од Владата, за да можеме да дадеме придонес во справувањето со лажните вести и оваа организација да стане дел од фронтот против лажните вести, нагласи Стојановски.

Со цел да даде свој придонес во справувањето со лажните вести, ЦЕПАК работи на подготовка на платформа за генерирање релевантни, проверени и точни информации, кои ги презема од МИА. Платформата засега е во БЕТА верзија и се работи на нејзино надополнување и подоготвка на конечната верзија.

Стојановиќ во името на ЦЕПАК изрази благодарност до МИА што го потпомога проектот и затоа што, како што рече, „дозволи пристап за пренесување на точни и релеватни информации до јавноста“.

Валентин Диневски од НАТО Канцеларијата за врски, нагласи дека Северноатлантската алијанса ја препознава важноста на цивилниот сектор во справувањето со лажните вести и работи на слични проекти, па затоа ја поддржува соработката во тој правец со ЦЕПАК и НАТО Дивизијата за јавна дипломатија.

– Иако лажни вести имало од памтивека, сега во овој период на брз технолошки развој, лажните вести стануваат доминанти и многу е важно да се најдат механизами да се спречаат и соодветно да се справуваме со нив, нагласи Диневски.

Според него, една од целте на лажните вести е поткопување на доверабата во инститициите и затоа тие треба да имаат активна улога во справувањето со нив. – Верувам дека сме на добар пат, истакна Диневски.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk