ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Извозот на цвет од канабис ќе значи бенефит и за пациентите

December 26, 2020 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новите измени во Закон за опојни дроги е процес кој вклучува повеќе државни институции, граѓански организации, здруженија на пациенти и невладин сектор, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат. Законската надлежност во моментов на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите.

-Економскиот бенефит, директно ќе го осетат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести. Понатаму, размислуваме во делот на проширување на дијагнозите, како проширување на лекари специјалисти оди во прилог на тоа дека еден од приоритетите е интересот на пациентите, имајќи го предвид и сегашниот интерес на сегашните специјализанти кои имаат лиценца да ги даваат овие два рецепти за медицински канабис – рече Филипче.

Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање, рече Филипче опфаќа повеќе сектори и повеќе институции. Од голема важност во тој процес се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

-Оваа дебата треба да се развие. Следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони на пример Кривичниот законик за кој мора да се вклучат и претставници на Министерството за правда. Сегашниот систем кој го регулира одгледувањето, лиценцирањето на компаниите за одгледување на медицински канабис, извозот понатаму во делот на препишување од страна на лекари специјалисти е нешто што е само наша активност меѓутоа ова бара една навистина широка дебата во општеството да се слушнат буквално сите чинители – изјави Филипче.

Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.

 

Next Post

Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, дома се пуштени 42 оздравени

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk