ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЛСИ го обвинува Рама за продажба на дел од албанските територијални води, тој вели обвинувањата се екстремна глупост

December 26, 2020 21:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат реакциите во Албанија по веста дека Грција усвоила декрет за проширува на територијалните води за 12 милји во Јонско Море.

Последователна реакција дојде од опозицското Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ), трета по големина партија во земјата, која обвинува дека „премиерот Рама и продал дел од албанските територијални води и оти тоа е негово национално предавство“.

Според вториот човек на партијата Петрит Васили, се случило она на што предупредувале во текот на летото.

– Расветлување, истрага и казнување на предавството на Рама со морето, е државна уставна обврска и би била историска лекција за секој што би се осмелил да ги допре, макар и малку, интересите на Албанија. Она што се очекуваше и што јасно го предупредивме во текот на летото годинава се случи, и Рама го продаде албанското море. Изјавите на Рама летово и неговата намерна пасивност, која ги поддржуваше едностраните активности на Грција за 12 милји, беа очигледно ставови што ги предадоа легитимните и неотуѓиви територијални интереси на Албанија, напиша Васили на Фејсбук.

Претходно, остро реагираше и партијата за правда, интегритет и единство (ПДИУ), која побара од премиерот Рама да излезе пред албанските граѓани и да даде објаснувања за тоа каков договор постигнал со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во септември, што му било ветено на таа „погрешна вечера“, а потоа и при посетата на министерот за надворешни работи Никос Дендиас во Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама одговори преку социјалните мрежи наведувајќи дека „сегменти од албанската политика продолжуваат да фрлаат национал-фолклорна кал, без знаење и без мерка“.

– Национал-фолклорна кал на албанската политика без граници, без знаење и мерка, повторно се излеа во дигиталниот океан преку големата клевета за „продажба на морето“ на Грција! На оваа крајна глупост за политичка корист можат да веруваат само оние кои не сакаат ниту да слушаат, ниту да разберат, напиша Рама.

Тој нагласи дека морето не и е продадено на Грција, туку дека „соседната земја ја искористила можноста да го искористи правото што и е признато“.

– Правото од 12 милји се остварува онаму каде што е можно, а не онаму каде што не е можно, како што е случајот во зоната меѓу нас каде што за линијата на поделба ќе одлучува судот! Грција го искористи ова право неодамна, како што Албанија го направи тоа во 1990 година, напиша Рама.

Тој исто така наведе дека проширувањето на Грција со 12 милји во Јонско Море „нема никаква врска со јонската зона меѓу нас“.

– По поништувањето на неславниот договор од 2009 година и спорот што следеше, конечно постигнавме договор со грчката страна за разграничувањето на морската граница да решава Меѓународниот суд. Проширувањето за 12 милји на Грција во Јонско Море нема никаква врска со јонската зона меѓу нас, истакна албанскиот премиер.

Рама посочи дека живееме во XXI век и во Европа, каде што морињата и териториите не можат да бидат „продадени“ и „купени“ ниту тајно ниту отворено од ниту еден посебен авторитет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анти-НАТО и вулгарни пораки на новоизбраниот Претседател на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk