ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Во Бункерот на опозицијата

December 28, 2020 09:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Колку заговори за уништување на Македонија може да се обиде да спроведе Заев, а ВМРО успешно да ги спречи? Има ли една – барем ЕДНА! – иницијатива на власта која за опозицијата не е конспирација за разнебитување на државата?

Евро-атлантските интеграции, енергетската политика, усвојувањето на секој изминат буџет, реформите во судството, реформите во образованието, странските инвестиции, проектите за животната средина, асфалтирањето на улиците, отворањето инфективни одделенија низ болниците, договорите за добрососедство, набавката на вакцини, воведувањето нови контејнери низ градовите, мерките за корона-вирусот, распишувањето евро-обврзници, реновирањето на Универзална сала, рушењето на дивоградбите, затворањето на депониите, воведувањето стимулации за купување велосипеди и инвертери, номинациите за Оскар, откупот на тутунот и на оризовата арпа, купувањето чизми за војската и за полицијата, легализацијата на марихуаната, мерките за гасификација на земјата, спроведувањето на изборите на сите нивоа, набавката на нови животни во Скопската зоолошка градина, одобрувањето лекови за ретки болести, затворањето на несолвентни банки, украсувањето со новогодишни декорации, нивото на водата во езерата, легализацијата на дивоградбите, Законот за рамномерен регионален развој, сите национални спортски успеси и порази, ширењето на заразата меѓу медицинскиот персонал и смртноста на бебињата, економските и социјалните мерки за помош на граѓаните и стопанството, отворањето и затворањето на рудници, бројот на разводи, именувањето и разрешувањето владини советници, временската прогноза, донациите за сиромашните и новогодишните пакетчиња… Сигурно има уште стотина на кои не можам да се сетам во моментов.

Можно ли е власта со денови само да смислува операции за исчезнување на Македонија, а – благодарејќи на решителноста и храброста на патриотската опозиција – ништо до сега да не ѝ вроди со плод?

Толку неспособна власт Македонија немала од 1945 година наваму! И, обратно, толку успешна опозиција Македонија немала од 1903 година наваму!

Бункерот се дефинира како дефанзивна фортификација која служи за заштита на луѓе и материјални добра од напади од надвор. Обично се работи за подземни (или барем полунадземни) градби, без дневна светлина, звучно изолирани, со вештачки довод за воздух и вентилација и со доволни резерви на храна и вода за во нив да се издржи одреден подолг период. Тоалетите се хемиски или со септички јами. Правило е вратите на бункерите (најчесто двојни!) да бидат барем толку отпорни колку и специјално армираните ѕидови, со посебни протоколи за влез и излез од објектот. Комуникацијата со надворешниот свет е лимитирана и зависи од опремата со која се располага. Помагаат и курири.

Во ваквите објекти владее бункер-менталитет што, според расположливите дефиниции, претставува раширена состојба на умот меѓу членовите кои престојуваат во бункерот што се карактеризира со (1) шовинистичка дефанзивност и самоубедена нетолеранција кон каква било критика; (2) одбранбени ставови на изолирани луѓе кои на другите гледаат како на непријатели или на потенцијални непријатели; и (3) екстремна дефанзивност и самодоволност што се темели врз претерано чувство на постојана загроза од други.

Таква е атмосферата во Бункерот на опозицијата. Не може мува да прелета, а да не биде потенцијален непријател! Секој што не ја знае шифрата или барем лозинката за влез во Бункерот е сомнителен потенцијален платеник на власта. Критиката кон шефот на Бункерот се смета за општа загроза на историјата на партијата и за акт на велепредавство. Следствено, безбедносните структури за заштита на Бункерот имаат клучно влијание врз формирањето на теориите на заговор за намерата на власта да ја уништи Македонија.

Но, победата е зад аголот, се работи на кревање на востание на народот против окупаторската „администрација“ на власта и прогласување на „слободна територија“ во периметарот на Бункерот. Секојдневните порази на тој макотрпен пат се само привремени непријатности кои нема да траат долго. Така беше во 2016, во 2017, во 2018, во 2019, во 2020, но во 2021 сè ќе се промени бидејќи така велат во Бункерот, каде нема ни една промашена прогноза, само ѝ треба време за да се оствари.

Добро, одиме понатаму. Кое е најновото предавство на власта? Законот за попис на населението! Ухааа, прекрасно, па во тоа има предавнички потенцијал за цела половина година верглање ново-стари конспирации!


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Околу три по полноќ со Дурацовски

June 20, 2025

Шпанија бара ослободување од целта на НАТО за 5 % трошоци за одбрана

June 20, 2025

Нетанјаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk