ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца

December 29, 2020 10:15
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановската компанија „М и Т Груп“ дневно рециклира од пет до шест тони хартија од која произведува табли за јајца за фармите од државата. Годишно, како што информираат надлежните од компанијата, рециклираат милион и половина тон хартија. Со оваа количина на рециклирање се намалува палењето на хартијата и аерозагадувањето во стоилјадниот град, кој последниве зими бележи високи концентрации на ПМ10 честички.

– Целиот процес на рециклирање е еколошки, безбеден за животната средина. Се собира хартија, се меле, се создава пулпа, се прави готов производ кој потоа се суши во сушилница од која излегува само пареа кој воопшто не загадува. Користиме и фотоволтаици кои ги набавивме и со кои штедиме од трошоците за енергија околу 1.000 евра на месечно ниво, изјави Оливер Тасевски, сопственик на компанијата.

Компанијата која има дозвола за складирање и рециклирање, позитивно влијае на кревање на свеста кај локалното население, институциите, училиштата, обвинителство, државен архив, МВР, компании кои ја собираат и ја рециклираат хартијата.

– Имаме и граѓани кои собираат и носат хартија. Не станува збор за голема количина, но добро што кај поединци се крева свеста дека хартијата може милион пати да се рециклира, да се добие готов производ и повторно да се рециклира, вели Тасевски.

Рециклирањето е светски тренд. Она што за некој е смет, отпад, за друг е приход. Во последно време има и луѓе и мали компании кои со возила ја собираат хартијата од маркетите, продавници и ја носат до фирмата. Хартијата се користи буквално за сè, за пакување на секакви продукти од облека, до храна, до бела техника.

Оваа компанија влегува во групата на зелени компании бидејќи рециклира и користи еколошки енергенси при работата.

Зелената економија продуцира и поголем број  директни и индиректни вработувања, вели Тасевски па така во оваа компанија вработени се 25 лица, а соработуваат уште со десетици компании и лица кои собираат и носат хартија за рециклирање.

– Имаме потреба од работници,додава Тасевски, кој најави дека наредната година ќе набави машини за производство на амбалажа за пакување.

Компанијата досега не користела поддршка од надлежни институции. Од Министерството за економија велат дека ги поддржуваат зелените компании. Во рамки на програмата за конкурентност, иновации и претприемништво, дел – имплементација на индустриска политика која се имплементира од Министерството за економија предвидени се мерки кои имаат за цел за зазеленување на економијата. Фирмите добиваат поддршка до 75 проценти од проектот, но не повеќе од 300.000 денари. Министерството помага и при експертска анализа и изработка на техничка – проектна документација или студија за техничка изводливост, меѓу кои и воведување на концептот на циркуларна економија.

Во Куманово нема други посериозни компании кои рециклираат хартија. Суровина има, информираат од Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“,кои на дневно ниво собираат 120 тони отпад, дури пет проценти е хартија. Претпријатието рециклира само стакло, но наскоро со реализација на проектот за изградба на регионална депонија кој финансиски е поддржан од ЕУ и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се овозможи и рециклирање хартија.

Предвидено е депонијата „Краста“ да стане претоварна, збирна станица на која ќе се селектира отпадот и ќе се транспортира до регионалната депонија. Веќе имаме набавено преса, лента и ќе се врши селекцијата,вели Ивановска.

Од Општина Куманово велат дека ги поддржуваат фирмите во градот кои рециклираат.

Овластениот инспектор за животна средина, Бобан Бојковски, информира дека одредена количина отпад од картонска амбалажа е присутен во комуналниот отпад што создава проблеми и на самото ЈП „Чистота и зеленило“, туку и како габаритен отпад за кратко време ги полни контејнерите, а со тоа се зголемува фреквентноста на празнење на контејнерите и трошокот на ЈП.

– Општина Куманово е подготвена да го поддржи системот на собирање  амбалажен отпад со што би се намалила количината во градот, а со тоа и можноста несовесните граѓани да го спалуваат во текот на зимските месеци и да го загадуваат воздухот. Од наша страна е изразена подготвеност да се организира состанок и да се разгледа можност како овој систем да се унапреди, но до состанокот не е дојдено поради ковид состојбата,вели Бојковски.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат на годишно ниво се собира околу 10.000 тони хартија и целиот отпад се рециклира.

– Но, не се собира целиот генериран отпад од хартија, проценките се, дека се создава околу 20 000 тони, годишно. Постои една инсталација за преработка во земјава (во Кочани) а остатокот се извезува, велат од ресорното Министерство.

-Селекцијата е задолжителна и општините треба да го овозможат тоа за своите граѓани. Правните субјекти имаат обврска да потпишат посебни договори за собирање на селектираниот отпад и да го предадат на лиценцирани компании. Системот на проширена одговорност на производителот во соработка со општините го организира целото управување со отпадот од хартија, пластика, електронски отпад и друго, укажуваат од МЖСПП.

Во Нацрт националниот план за управување со отпад од 2020-2026 година како што е објавено на Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај другото е наведена и Рамковната директива за отпад (РДО) која во 2018 година дополнително се зајакнала со „Пакетот за циркуларна економија“.

– Со цел да се зголеми стапката на рециклирање и да се постигне повисоко ниво на ефикасност на ресурсите, рамковната директива ги вклучува повеќе активности и цели меѓу нив и стапки на рециклирање на материјали за пакување од 65 проценти до 2025, а до 2030 до 70 проценти-Нацрт национален план за управување со отпад.

Во планот наведени се податоци од 2017-та година според кои во државата има 300 субјекти со дозвола за постапување со отпад, од кои 40 имаат дозвола за складирање и третман на хартија и картон, дел од нив изработуваат нови производи, а дел извезуваат.

Според планот до крајот на годинава, државата треба да рециклира 70 проценти од хартија и картон, компаниите пак треба да промовираат истражување еко-дизајн, а граѓаните се охрабруваат да избегнуваат да купуваат поединечно спакувани артикли за да се намали пакувањето што се носи дома и да купуваат стоки со рециклирана содржина и каде што основното пакувањ

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk