ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовески до шефовите на јавните обвинителства: Нападите на нашата работа земете ги како поттик за уште поголемо и професионално ангажирање

December 29, 2020 15:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дражниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба со шефовите на обвинителствата, на која како што информираат од неговиот кабинет, ги охрабрил да постапуваат согласно законот, да водат сметка за одговорноста, професионалноста и особено за транспарентноста на Обвинителството.

Од почеток на пандемијата, посочи Јовески, сменет е начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории.

– Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик ќе успееме да се справиме успешно. Бидете горди на професијата која сте ја одбрале и во ова време кога од нас се бара неселективен и професионален пристап ние се покажуваме на висина на задачата. Нападите на нашата работа не ги отфрлајте, туку  земете ги како поттик  за уште поголемо и професионално ангажирање, рече Јовески.

Владеењето на правото, се вели во соопштението, не е цел што се постигнува за неколку години, а особено не во околности на нецелосно обезбедени материјални средства за работа, непополнетост на стручно-административниот кадар и на јавни обвинители.

Но, рече Јовески, ние сите заедно мора да работиме овие состојби да се сменат, а дека работите се движат во посакувана насока се гаранциите во Законот за јавно обвинителство за финансирање на работата на Јавното обвинителство, обезбедувањето на средства за нови вработувања и извршената реконструкција на просторните услови во 11-те обвинителства.

– Еден дел од незадоволството на јавноста за нашата работа се должи и на тоа што работењето не сме успеале да им го доближиме на граѓаните. Сакам да ве известам дека во следната година, досегашните надзори во обвинителствата ќе се вршат на поинаков начин, со оглед на тоа што започнува постапка на индивидуално согледување и оценка на работењето  на секој обвинител поединечно, рече Јовески.

 

/МИА/
Next Post

Проект на УСАИД: Се подобрува перцепцијата за бизнис климата, но се уште е на ниско ниво

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk