ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По долгогодишно преговарање, гасоводот преминува во стопроцентна сопственост на државата

Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50 проценти во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува, наведе Макпетрол во соопштението.

December 29, 2020 07:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

По долгогодишно преговарање меѓу државата и компанијата „Макпетрол“ и повеќе судски спорови за сопственоста на гасоводот вчера во Собранието е изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100-процентна сопственост на државата.

Законот беше изгласан со 60 гласа „за“ и 30 гласа „против“, а за него во изминатите денови на маратонска седница дебатираа пратениците од власта и опозицијата. Законот наиде на остра реакција од страна на опозицијата, според која со ваквото законско решение се кршат повеќе членови од Уставот. Го повикаа претседателот на државата да не го потпишува указот за прогласување на овој, како што велат, скандалозен закон.

– Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеја дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави вчера координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

И од партијата „Левица“ информираа дека поднеле барање до претседателот на државата да го употреби своето уставно право на суспензивно вето и да не го потпише законот. Како причини поради кои го бараат ова од претседателот ги наведуваат спротивноста на законот со амандманот 25 од Уставот, штетноста и сомнителноста на законот и спротивноста на законот со членот 55 од Уставот.

Со свое објаснување вчера се јави и компанијата „Макпетрол“ која во соопштение до јавноста нагласи дека никој ништо не и подарува, туку дека е направена проценка на АД „ГА-МА“ од страна на Бирото за судски вештачења и утврдена е пазарна вредност од 65.547.810 евра.

– ГА-МА АД Скопје е формирана како акционерско друштво во сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50 проценти од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Од 2006 година до денес, ГА-МА АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата. Со цел да се утврди сегашната вредност на ГА-МА АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители, ангажирани преку Бирото за судски вештачења како орган на државната управа во состав на Министерството за правда. Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50 проценти во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува, наведе Макпетрол во соопштението.

Оттаму посочија дека обврска на компанијата е да го почитува Законот за енергетика и мора да го продаде својот удел од 50 проценти во „ГА-МА“ бидејќи не може истовремено да врши и снабдување и пренос на природен гас.

Договорот за купување на делот на „Макпетрол“ во АД „ГА-МА“ беше склучен минатата година под медијаторство на Европската енергетска заедница. Преминувањето на АД „ГА-МА“ во државна сопственост беше дел од третиот Енергетски пакет./МИА/.

Next Post

За идентитетот како европска вредност не се преговара, бугарското вето опасност за политичко мешање во историјата

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk